Шефот на кабинет на Орбан под санкции од САД поради корупција
Министерството за финансии на САД воведе санкции за Антал Роган, шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, поради вмешаност во корупција.
Вашингтон го обвини Роган дека ја користел својата функција за да поттикне системска корупција од што полза имале тој и други лојалисти на Орбан. Санкциите значат дека се блокираат сите средства на Роган во САД, а на американските граѓани им е забрането да водат бизнис со него.
„Антал Роган е центарот на корупцискиот систем во Унгарија, но не е единствениот вмешан. САД нема да се двоумат да бараат одговорност од поединци како Роган, кои ја користат моќта на нивната функција за незаконски да се збогатат себеси и нивните пријатели на сметка на нивната земја и нивните сограѓани“, објави министерството за финансии на САД.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ги опиша санкциите како лична одмазда на американскиот амбасадор на заминување.
„По 20 јануари, САД ќе имаат нова влада и нов претседател и ќе ги преземеме потребните законски чекори по нивната инаугурација“, кажаа од канцеларијата на Роган.
Тој е единствениот унгарски граѓанин кој се наоѓа на американската листа за финансиски санкции. Роган се обвинува дека води систем во Унгарија во кој јавните договори и ресурси се дистрибуираат до лицата лојални на него и на партијата Фидес на Орбан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шефот на кабинет на Орбан под санкции…
Министерството за финансии на САД воведе санкции…
Светска банка: Косово сè уште е најсиромашно…
Според наодите на Светска банка, Косово сè …
Уапсен 40-годишник: Ограбувал викендички во Радовиш
Вчера во село Подареш, радовишко, полициски службеници…
Србија доби еден од најмоќните противвоздушни системи…
Србија го стави во целосна функција најсофистицираниот…
Мицкоски: Сашо Дранго ќе биде разрешен доколку…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе следи…