Шефот на српската дипломатија во официјална посета на Скопје
Министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија, при што ќе се сретне со највисоките претставници на земјата.
Селаковиќ во Скопје ќе има одвоени разговори со претседателот Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Како што соопшти МНР, во фокусот на средбата на министрите ќе бидат тековните состојби во билатералните односи, перспективата на европската интеграција на Западниот Балкан, соработката во рамките на регионалните иницијативи, како и конкретните форми за искористување на потенцијалите на секторската соработка.
Во рамки на посетата се очекува да биде потпишана и Спогодбата за основање на културно-информативни центри во Скопје и Белград.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Има само шест години: Малиот Никола од…
Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Нови протести против ископувањето на литиум во…
Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…