Шефот на тајната иранска служба бил израелски шпион

t

Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад откри шокантна информација во јавноста – шефот на единицата на иранската тајна служба формирана поради агентите на Мосад кои „оперираат“ во Иран всушност бил израелски агент.

Во интервју за Си-Ен-Ен Турк, Ахмадинеџад тврди дека уште 20 агенти во иранскиот разузнавачки тим, задолжени за следење на активностите на израелската разузнавачка служба, се исто така свртени против Техеран, односно дека тие биле израелски тајни агенти.

Наводните двојни агенти му обезбедувале на Израел чувствителни информации за иранската нуклеарна програма, според Ахмадинеџад, што тогаш беше на големо објавено од меѓународните медиуми.

„Тајмс оф Израел“ потсетува дека официјален Техеран често тврди дека ги спречил операциите на Мосад во земјата, но вистинитоста на таквите тврдења е нејасна. Минатиот месец, се вели, иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда тврдеше дека 12 лица биле уапсени под сомнение дека служеле како оперативци кои соработувале со Израел и планирале акти против иранската безбедност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот на тајната иранска служба бил израелски…

Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад откри шокантна…

Левица: 100 дена нова влада, но стара…

100 ДЕНА НОВА ВЛАДА СТАРА ПОЛИТИКА -…

(Видео) Најмоќната украинска тврдина пред паѓање: После…

„Тврдината“ Вуледар може да падне во руски…

Руте: НАТО ќе продолжи да ги брани…

Мораме да обезбедиме Украина да опстои како…

Македонија добива нов извор на гас, започна…

Почнува со работа терминалот за течен гас…