Шешељ разочаран: Српскиот народ ме отфрли – Се повлекувам од политиката
Воислав Шешељ се повлекува од политиката, изјави тој за порталот Б92.
Шешељ вели дека на следните избори партијата ќе ја води друг претседател.
– Сега сум во прилично лоша состојба. На новите избори најверојатно партијата ќе ја води нов претседател. Не се чувствувам добро, а српскиот народ веќе двапати ме отфрли на избори и тоа го видов како крајно време за да се повлечам, изјави Шешељ за порталот „Ало“.
Запрашан дали мисли дека има притисок од странски амбасади да не биде во парламентот по пресудата од Хаг, Шешељ вели дека размислувал за тоа, но нема докази за таква теза.