Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат дека одработуваат за ВМРО-ДПМНЕ

t

Петре Шилегов, денеска изјави дека во согласност со партискиот статут, исклучување на член извршува општинската организација вго која тој припаѓа и го повика лидерот на партијата Венко Филипче, доколку сака да спроведат таква иницијатива, да дојде во организацијата во Карпош за да разговараат со членството за кое рече дека ќе се потруди да биде многубројно како за неговото исклучување така и за заминувањето на Филипче.

– Ако го прочитале статутот, за жал, таму во Извршниот одбор нема кој да го прочита, ќе им биде јасно дека исклучувањето на член на СДСМ го извршува општинската организација во која тој член припаѓа, во која претседателот Филипче првпат влезе кога беше избран за претседател. Па еве ќе ја искористам можноста, ако веќе сака да спроведат такви иницијатива, да дојде во општината Карпош, таму ќе разговараме со членството, јас ќе се потрудам да има сериозно многу, и за моето исклучување, меѓутоа и за неговото заминување. Во однос на тоа дека тие завршиле, тој завршил со Петре Шилегов, јас тоа нема да го дозволам.

Сето она што го имам направено во својот живот професионално, но уште повеќе политички, тоа што го имам направено за СДСМ и што сè уште го правам, нема да дозволам да го валка човек што нестатутарно е избран за претседател – изјави Шилегов на паузата на денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, каде што застапува еден од обвинетите. Шилегов додаде дека се потврдиле неговите ставови, изнесени во интервјуто за „Сител“ во неделата, дека ова раководство на СДСМ целосно одработува во договор со ВМРО–ДПМНЕ за интересите на владејачката партија, а не за СДСМ и нејзиното членство. –

Кажав очигледно дека постои договор, кој предвидува СДСМ да биде во ваква состојба во каква што е, упорно да ги промашува темите и да дозволи ВМРО-ДМНЕ да истера два мандата, за сметка на тоа да не бидат предмет на определени можни евентуални истраги или кривични предмети. Исто така, се докажа и второто мое тврдење дека, за жал, партијата е кадровски целосно исцрпена и дека луѓето на кои им значи СДСМ, а се сериозен фактор во нашата држава, веќе не се таму – нагласи Шилегов.

Претходно лидерот на СДСМ Венко Филипче на прес конференција на пладне соопшти дека ИО на партијата донела едногласна одлука за исклучување на Петре Шилегов по сериозни проверки од кои утврдиле дека Шилегов работи на поделба и раситнување на СДСМ во договор со ВРО ДПМНЕ односно дека одработува за нив оти бил уценет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат дека…

Петре Шилегов, денеска изјави дека во согласност…

СДСМ: 98 дена ДКСК молчи за криминалните…

Поминаа повеќе од 90 дена од првата…

Левица: ДПМНЕ одби дуплирање на поврат на…

ВМРО-ДПМНЕ одби дуплирање на поврат на ДДВ…

ВМРО-ДПМНЕ: изразуваме сериозна загриженост кон Заев и…

Македонија е безбедна и спремна за евентуална…

Од ВМРО прашуваат за колку пари Заев…

Дали и колку пари Филипче и Заев…