Шкорпијата ќе се ослободи од токсините, Рибите ќе се потпрат на интуицијата

t

ОВЕН

Тензиите што многумина од вас ги доживуваа последниов период, лесно ќе ги совладате денес. Сериозно ќе размислувате за некои прашања и амбициозно ќе почнете со планирање што да промените следната година.

БИК

Во претпоследниот ден од декември ќе бидете неспокојни. Ќе ви биде потешко да ги прифатите активностите на вашите најблиски и познаници кои претходно сте ги направиле и не е ни чудо што остро реагирате во некои ситуации. Сепак, односите со вашиот сакан ќе бидат потопли во секој поглед.

БЛИЗНАЦИ

Ќе се исправите пред некои од претходните проблеми на вашите лични и љубовни односи во кои сте вклучени подолго време. Ќе мислите многу, најверојатно ќе се двоумите и ќе се прашувате како да го направите тоа, но на крај веројатно ќе успеете во намерата.

РАК

Ќе настојувате да ги завршите сите деловни задачи што сте ги одложиле. Некои од вас ќе добијат желба да направат големи промени во домот. Можно е да ви излезе и непредвидено патување.

ЛАВ

Вашите желби ќе бидат остварени малку потешко отколку што сакате, што ќе ве направи нетрпеливи и уште повеќе иритирачки настроени. Може да не добиете нечие признание или нешто да не се исполни како што очекувате, иако сте направиле се како што требало.

ДЕВИЦА

На крајот од декември вашите желби ќе бидат целосно во духот на завршувањето на старата година и, размислувајќи за Новата, ќе си направите некоја ретроспектива. Дали поривот доаѓа одвнатре или некој настан ве предизвикува да размислите, бидете сигурни дека тоа е сосема во ред.

ВАГА

Некој упорно ќе се обидува да ве вовлече во нечиста игра. Ќе се соочите со дилемата дали да кажете што мислите или да молчите.

ШКОРПИЈА

Зракот на духовната енергија ќе биде насочен кон вас. Ќе се ослободите од токсините – физички или емоционални. Затоа, ако има нешто што ве боли, и е заглавено во вас и ве труе, сега е време за рехабилитација и медитација.

СТРЕЛЕЦ

На 30-ти декември ќе имате многу пријатни искуства. Добрите емоции ќе бидат предизвикани од комуникацијата со луѓето што ги сакате, а можеби и поради тоа што ќе посетите некој интересен настан. Ќе сакате да се галите малку повеќе и да уживате во сопствените задоволства.

ЈАРЕЦ

Денес изгледа нешто ќе ве поттикне да ја завршите работата, да воведете ред дома и на работа, за да се ослободите од непотребното. Би било прекрасно ако го направите сето ова, но во ритамот, најдете време и за одмор.

ВОДОЛИЈА

Добро е да се фокусирате на конкретните цели и идеи што сакате да ги направите следната година. И тука не се работи само за нешто што ќе си го посакате, туку да поставите голема и важна долгорочна цел пред вас.

РИБИ

Денес повеќе ќе се потпирате на вашата интуиција. Некои од вас конечно ќе сфатат зошто толерирале нечии негативни влијанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дневен хороскоп за 27 јуни

Овен Една информација ќе ја промени вашата…

Дневен хороскоп: Еден знак ќе се најде…

Овен Вашата деловна страна овојпат може да…

Хороскоп: Девицата ќе подобри финансиска ситуација, на…

ОВЕН Овој период ви дава можност да…

Многу се позитивни но сепак имаат една…

Има неколку интересни факти за луѓето родени…

Дневен хороскоп за понеделник (25.04.2022)

Овен Работа: Овој период ќе го означи…