Шокантна изјава на Шолц: За проширувањето на ЕУ да се одлучува со квалификувано мнозинство
– По повод најновото унгарското противење на членството на Украина во ЕУ германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека е неопходно со квалификувано мнозинство да донесуваат повеќе одлуки во Европската унија, особено кога станува збор за проширувањето.
-Јас сум за тоа повеќето одлуки да се носат со квалификувано мнозинство, вклучително и оние за процесот на пристапување.
Националните парламенти ќе го имаат последниот збор, но една земја повеќе нема да може да го блокира секој чекор, рече германскиот канцелар.
Повеќето земји-членки на ЕУ сакаат на самитот неделава да се донесе одлуката за почеток на пристапните преговори со Украина и да се одобрат десетици милијарди евра натамошна помош за оваа земја поради војната со Русија, но и двата чекора се блокирани од Унгарија, наведуваат британските медиуми.
Шолц додаде дека целта на Западот е да продолжи поддршката за украинската армија со цел да ја зајакне одбраната на Киев до тој степен што Русија „никогаш повеќе нема да се осмели да нападне“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова од Хаг повика да се деблокира…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на…
Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…
Тој повторно ги истакна нападите на САД…
Ерменските власти го уапсија поглаварот на Ерменската…
Ерменските власти денес го уапсија надбискупот Баграт…
ОЈО ГОКК ќе се сретне со родителите…
Секој кој има докази за делот од…
„Ние сме мала држава, но се однесуваме…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од Хаг денеска изјави…