Шокантно признание на министерот Лимани: Во 2001-ва користев средства забранети според меѓународното право и не можам да патувам – на потег е премиерот да го разреши!

t

Се потврдија информациите на Инфомакс дека министерот Фатмир Лимани на 9 март требало да патува за Њујорк САД каде требало да одржи неколку средби поврзани со дипломатски активности во Обединетите нации, дека за патувањето биле резервирани и авиобилети и хотели, како и дека сите овие напори биле јалови бидејќи министерот бил обиен за виза од страна на амбасадата на САД во Македонија.

Ова е голем скандал имајќи во предвид дека Лимани е министер и вакви случаи речиси и да немало во историјата на независна Република Македонија кога актуелен министер бил одбиен за виза, особоено од држава како Македонија која е стратешки партнер на САД.

Иако Инфомакс преку меил се обрати до него и до министерството, официјално не добивме одговор дали Лимани бил одбиен за виза.

-Нашата редакција има информации дека министерот Фатрмир Лимани денес требало да патува за Њујорк во посета на Обединети Нации. Сепак неговото патување е откажано иако биле резевирани и авиобилети. Нашите информации говорат дека министерот Лимани бил одбиен за виза од страна на Американската амбасада во Македонија. Може ли да ни кажете од која причина министерот Лимани е одбиен од Американската амбасада за виза за САД? – пишуваше во прашањето.

Во меѓувреме Лимани преку статус на Фејсбук реши да појасни зошто не може да патува надвор од Македонија. Имено министерот призна дека користел средства за време на 2001 кои биле забранети со меѓународното право и поради тоа не може да ја напушти државата.

-Пречката за “слободното движење” произлегува од фактот дека жртвував сè за да го вратам Али Ахмети (заедно со неговите деца и пријателите) во неговата татковина, користејќи начини и средства забранети според меѓународното право. Ова нека служи како потсетник дека идните генерации мора внимателно да избираат кому му веруваат и за што се жртвуваат, за да не се осудат на вечно ропство. Ако сакате подетално објаснување., казетему на Али Ахмети да одбери една телевизиска куќа и ќе бидете поинформирани, изјави министерот за социјална политика, Фатмир Лимани.

Фатмир Лимани, во 2001 година бил дел од ОНА заедно со Али Ахмети, Муса Џафери, Фазли Велиу, Садула Дураку, Хазби Лика и други. Беше дел од ДУИ околу 20 години. Јавните функции ги извршуваше како кадар на ДУИ, додека еден период беше замeник директор на ЕЛЕМ.

-Јас сум внук. Да појаснам. Мајка ми и Фазли Велиу се брат и сестра, а Али Ахмети е синот на тетката на мајка ми. Што значи дека е од страната на вујците и ние автоматски го викаме вујко. Но биолошки вујко и поблизок ми е Фазли Велиу, изјави министерот за социјална политика, Фатмир Лимани.

Во 2021 година ги расипа односите со ДУИ по неговото незадоволство и се кандидираше како независен за градоначалник на Кичево. Кратко време беше дел од „огнената група“ заедно со неколку високи функционери на ДУИ, кои изразија незадоволство од владеењето на партијата на Ахмети и посебно од назначувањата во извршната власт. Во меѓувреме, на почетокот на 2022 година и официјално стана дел од Движење Беса.

Сега на потег е премиерот Христијан Мицкоски кој мора да го разреши по шокантното признание на министерот Лимани!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…

Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…

Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…

Израел е на пат кон остварување на…

Ова се најбогатите држави во светот, а…

БДП по глава на жител е груба…

Жена од Липково ја удрило струја додека…

Жена од Липково ја удрило струја додека…