ШОК за демократите: Ненси Пелоси се повлекува од функцијата во Претставничкиот дом!
Ненси Пелоси, која речиси две децении ги предводеше демократите во Претставничкиот дом на САД, денеска соопшти дека се повлекува од функцијата.
Оваа 82-годишна жена се смета за најмоќна меѓу демократите во Конгресот и прва жена која била претседател на Претставничкиот дом.
Таа ќе продолжи да ја претставува Калифорнија во Долниот дом на Конгресот, пишува Би-Би-Си.
Пелоси планира за свој наследник да го предложи и поддржи конгресменот Хаким Џефрис, објави денеска сајтот Пак.
Веста доаѓа во момент кога републиканците ја повратија контролата врз Претставничкиот дом по среднорочните избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Либералите збеснаа откако Ненси Пелоси беше избркана…
Либералите на социјалните медиуми збеснаа откако привремениот…