Шок за Никола Карабатиќ: Познатиот ракометар има тешка дијагноза
Екипата на ПСЖ во текот на денешниот ден доби лоша вест. Еден од најдобрите ракометари на светот Никола Карабатиќ нема да му биде на располагање на тимот за остатокот од натпреварувачката сезона 2022/23.
Како што соопштуваат француските медиуми Карабатиќ има венска тромбоза на десната нога и ќе мора да отсуствува од терените подолг временски период.
Искусниот ракометар, кој пред извесен период го продолжи договорот со ПСЖ до 2026 година, веќе осум сезони по ред е еден од главните играчи во францускиот тим.
Според лекарскиот тим на ПСЖ, Карабатиќ ќе паузира најмалку три месеци, а тоа значи дека за него оваа сезона е веќе завршена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…
МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…
Физички напад меѓу вработени во Комплексот клиники…
Нова драма се случи во рамки на…
Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…
Турчин приведен во моментот кога сакал да…
На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…
По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…
Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…