Шок за Русите: Не е согурно дека Путин ќе се кандидира за нов претседателски мандат
– Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се уште не кажал дали повторно ќе се кандидира на претседателските избори, закажани за 2024 година.
Путин не е расположен за кампања, бидејќи во моментов е многу зафатен, изјави Песков за московскиот весник „Известија“ во денеска објавен коментар.
-Се уште не сме слушнале да каже ништо за тоа дали ќе се кандидира за функцијата или не. Тоа значи дека се уште е прерано, рече портпаролот на Кремљ.
Путин, кој во февруари лани ја нареди руската инвазија врз соседна Украина, беше претседател на Русија од 2000 до 2008 година и од 2012 година.
Поради амандманите на рускиот Устав, законски ќе му биде дозволено повторно да се кандидира за претседател следната година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…
Тој повторно ги истакна нападите на САД…
Медведев: ЕУ е директна закана за Русија
Брисел денес е вистинскиот непријател на Русија,…
Лавров: Часот на судниот ден се приближува,…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…
Лавров: Украина мора да остане неутрална
Русија инсистира Украина, како што е предвидено…