Шок изјава на Трамп: „Соборени се пет авиони, конфликтот може да ескалира“
Доналд Трамп откри дека за време на четиридневниот судир меѓу Индија и Пакистан биле соборени до пет воени авиони, пренесе „Ројтерс“. Судирот започна на 7 мај, откако исламистички милитанти извршија напад во индискиот дел од Кашмир.
„Всушност, авионите беа соборени во воздух. Пет, четири или пет – но мислам дека на крајот се работи за пет соборени летала“, рекол Трамп за време на вечера со републикански конгресмени во Белата куќа.
Претседателот не откри детали за тоа кои земји изгубиле летала, но Пакистан претходно тврдеше дека соборил пет индиски авиони, додека Индија возврати дека соборила неколку пакистански летала.
Иако Исламабад негира губење на свои авиони, признава дека неколку воздушни бази биле нападнати. Судирот уште еднаш ги разгоре тензиите меѓу двете нуклеарни сили, потсетувајќи на кревката стабилност на регионот Кашмир.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шок изјава на Трамп: „Соборени се пет…
Доналд Трамп откри дека за време на…
ЦУК: Поради силниот ветер повторно се разгорени…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…
Трамп под притисок: Епстајн, ФЕД и здравствената…
На претседателот Доналд Трамп, чие политичко влијание…
(Видео) Родителите од Кочани: Ни се закануваат…
Во голем број на родители, членови на…
По писмото на родителите: Ова веќе не…
Дали, и по вчерашното интервју, а особено…