ШОК: Првиот човек на Лукоил поднесе оставка – Компанијата повика на прекин на вооружениот конфликт
Вагит Алекперов, еден од најбогатите луѓе во светот, поднесе оставка како извршен директор на втората по големина нафтена компанија во Русија, Лукоил, пренесува Си-Ен-Ен.
Во соопштението, Лукоил потврди дека Алекперов ќе се повлече од функцијата директор и претседател на компанијата.
Не е објаснето зошто Алекперов поднесе оставка, ниту кој ќе ја преземе функцијата.
Лукоил произведува повеќе од 2% од светската сурова нафта и вработува над 100.000 луѓе. Има операции во десетици земји и е втора по големина руска нафтена компанија зад државниот гигант Роснефт.
Лукоил против вооружениот конфликт
Во соопштението до акционерите, персоналот и клиентите на почетокот на март, одборот на директори на Лукоил рече дека „повикува на што поскоро прекинување на вооружениот конфликт“.
„Го изразуваме нашето искрено сочувство за сите жртви кои се погодени од оваа трагедија. Силно поддржуваме траен прекин на огнот и решавање на проблемите преку сериозни преговори и дипломатија“, додаде одборот.
Според Блумберг, Алекперов вреди околу 16 милијарди долари. Претходно овој месец, Обединетото Кралство го замрзна неговиот имот и му забрани влез во земјата.
Лукоил објави дека од 31 март, Алекперов поседувал нешто повеќе од 3,1 отсто од акциите со право на глас на компанијата, плус дополнителни 5,4 отсто преку семејни трустови или заеднички фондови без право на глас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вулин за оставката: Се закануваа со санкции,…
Александар Вулин, донеодамнешниот шеф на српската Безбедносно-информативна…
Почина претседателот на Управниот одбор на Лукоил,…
Почина претседателот на Управниот одбор на Лукоил,…
Муслиманите вработени во Белата Куќа и во…
Според извори на Фокс Њуз стотици Муслимани…
Директор во Стејт департментот поднесе оставка: „Испраќањето…
Директор во американскиот Стејт департмент кој работеше…
БОМБА од Вучиќ: Би можел да се…
Вучиќ одговорил дека размислува да купи време…