Шолц: Германија е подготвена да ја поддржи Србија на патот кон ЕУ и нормализација на односите со Косово
Германскиот канцелар Олаф Шолц му честиташе на српскиот премиер Милош Вучевиќ за преземањето на функцијата и рече дека Германија е подготвена да ја поддржи Србија на нејзиниот пат кон Европската унија и нормализацијата на односите со Косово.
Како што соопшти Прес-службата на Сојузната влада на Германија, Шолц оценил дека Србија има можност да напредува понатаму на својот пат кон реформите, особено во зајакнувањето на владеењето на правото.
„Ви честитам за преземањето на функцијата. Србија има можност да постигне понатамошен напредок на својот реформски пат, особено во зајакнувањето на владеењето на правото. Германија е подготвена да ве поддржува во иднина додека го продолжувате вашиот пат кон Европската унија и нормализацијата на односите со Косово ви посакувам секој успех и среќа во предизвиците што стојат пред вас“, рече Шолц.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…