Шолц: Германија нема да стане дел од војната во Украина
Германскиот канцелар Олаф Шолц уште еднаш се обиде да ги убеди германските граѓани дека земјата нема да стане дел од војната во Украина поради континуираната поддршка за Киев во неговата битка против руските сили, јави ДПА.
„Да, давам гаранција“, рече тој како одговор на прашање во Бундестагот, повторувајќи ги коментарите што ги даде претходно. – Стојам зад тоа како канцелар“, додаде тој.
Шолц ја отфрли идејата дека може да има прекин на огнот во Украина под руски услови.
– Според мое мислење, прекин на огнот што вклучува капитулација на Украина е нешто што Германија никогаш не треба да го поддржи, нагласи тој. Канцеларот истакна дека ова не е апстрактно прашање, „како што можете да видите од овој чуден мировен предлог на Путин“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…
Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…
Собранието на предлог на Владата, усвои нов…