Шолц до Путин: Да се прекине огнот во Украина во најскоро време
Германскиот канцелар Олаф Шолц во телефонскиот разговор со Владимир Путин го повика рускиот претседател што побрзо да се согласи на прекин на огнот во Украина, изјави портпаролот на германската Влада.
Шолц го потсетил Путин и на одговорноста на Москва за глобалната ситуација со храна.
– Примирјето е неопходно да се подобри хуманитарната ситуација во Украина и да се овозможи напредок во изнаоѓање на дипломатското решение за судирот, истакна портпаролот на германската Влада.
Претходно Кремљ соопшти дека Путин во телефонскиот разговор со Шолц „ги презентирал логиката и основните задачи на руската операција во Украина“.
– Владимир Путин детално ги наведе логиката и главните задачи на специјалната воена операција за заштита на народните републики во Донбас, а зборуваше и за мерките преземени за обезбедување на безбедноста на цивилното население, се наведува во соопштението на Кремљ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЛАФ предупреди за шверц на цигари во…
Црна Гора е една од земјите вклучени…
Путин најави одговор за влезот на Финска…
Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…
Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…
Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…
Путин: Русија ќе спречи какво било странско…
Русија ќе спречи какво било странско мешање…
Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…
Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…