Шолц: Ова е црн ден за Европа
Германскиот канцелар Олаф Шолц го окарактеризира рускиот напад врз Украина утринава како кршење на меѓународното право, а во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски ја изразил солидарноста на Германија.
„Во ова тешко време, ви гарантирам целосна солидарност на Германија“, рече германскиот канцелар Олаф Шолц во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Претходно, германскиот канцелар го окарактеризира рускиот напад врз цели во Украина како грубо кршење на меѓународното право.
„Нападот на Русија врз Украина е грубо кршење на меѓународното право и не може да се оправда со ништо. Германија силно го осудува овој непромислен чин на претседателот Путин“, напиша Шолц на Твитер.
Шолц побара од Русија веднаш да ја прекине воената акција и најави дека во текот на денот ќе се консултира со партнерите во рамките на Европската унија, НАТО и Г7.
„Ова е ужасен ден за Украина и црн ден за Европа“, рече Шолц.
Нападот на Русија врз Украина го осуди и германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок.
„Напаѓајќи ја Украина, Русија ги крши основните правила на меѓународниот поредок. Светската заедница никогаш нема да го заборави овој срамен ден за Русија“, рече Баербок.
Таа закажа состанок на кризниот штаб, а претходно МНР ги повика германските државјани кои престојуваат во Украина што поскоро да ја напуштат земјата.
Рускиот напад го осуди и германскиот министер за економија и вицеканцелар Роберт Хабек.
„Сега се случи нешто незамисливо. Сега сме сведоци на копнена војна во Европа за која верувавме дека е прашање на историски книги“, рече Хабек. Тој најави дека руската акција нема да помине неказнето.
„За Русија, овој потег ќе има тешки политички и економски последици“, рече Хабек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медведев повторно се заканува: Директен конфликт меѓу…
Директен конфликт меѓу Русија и САД, доколку…
Бајден побара продолжување на испораката на оружје…
Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден соопшти…
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…
Украина најде одговор за рускиот Орешник?
Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…