Шолц паднал додека џогирал, има модринки на лицето и ги откажа состаноците
Германскиот канцелар Олаф Шолц претрпел полесна повреда на лицето кога утринава паднал додека џогирал, принудувајќи го да ги откаже обврските за викендот, изјави владината портпаролка.
-Тој падна додека трчаше и има модринки на лицето“, изјави портпаролката за AFP.
-За жал, тој мораше да ги откаже своите состаноци, додаде таа.
Социјалдемократскиот канцелар требаше да учествува на политички митинзи за поддршка на кандидатите на неговата партија во светло на регионалните избори закажани за следниот месец во Хесен. Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер ја предводи листата на Социјалдемократите (СПД) за овие избори во Хесен.
Олаф Шолц трча веќе неколку години.
-Трчам два, три пати неделно и во недела по час и половина, рече тој пред неколку години.
Повредата нема да му го наруши распоредот за следната недела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владеачката коалиција во Германија со историски низок…
Владеачката коалиција во Германија со историски низок…
Шолц: Во Германија мора да постои нулта…
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска, на…
Фон Дер Лајен и Шолц искажаа осуда…
Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер…
Шолц: ЕУ мора да го награди напредокот…
Единствената исправна одлука на ЕУ е да…
Мелони го критикува Шолц за миграцијата
Италијанската премиерка Џорџа Мелони испрати писмо до…