Шолц: Премногу бегалци доаѓаат во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска нагласи дека е неопходно да се намали бројот на бегалци.
Во моментов бројот на бегалци кои доаѓаат во Германија е превисок, изјави Шолц во интервју за РНД. Тој смета дека е неприфатливо најголемиот дел бегалци да доаѓаат во Германија без претходно да бидат регистрирани во некоја од земјите на Европската унија.
Дефинитивно, ситуацијата не смее да остане иста како досега. Повеќе од 70 отсто од бегалците кои доаѓаат во Германија не биле претходно регистрирани, иако сите поминале низ една од земјите на ЕУ“.
Од мерките што федералната влада досега ги презеде за да го намали приливот на бегалци, Шолц ја наведе „целосната поддршка“ за подобра безбедност на надворешните граници на ЕУ и воведувањето шенген гранични контроли кон Швајцарија и Чешка.
Тој им вети на претставниците на градовите и општините кои со месеци алармираат поради немањето капацитет за сместување на новодојдените бегалци и најави вонреден состанок на кој треба да се разговара за логистичките проблеми со сместувањето.
Шолц, и покрај разликите во мислењата во неговата коалициска влада составена од социјалдемократи, зелени и либерали, рече дека неговата влада е целосно обединета во ставот дека нерегуларната миграција во Европската унија мора да се запре.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…
Скопјнец возел со 1.34 промили алкохол во…
Поради основано сомневање дека сторил кривично дело…
Трамп: Нема да го убиеме иранскиот лидер,…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави серија пораки…
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Трамп лансира мобилен телефон за 499 долари
Трамп го најави T1 – новиот американски…