Објавено на:

Шолц со остар речник: Нема да прифатиме никаков мир диктиран од Русија

t

Рускиот претседател Владимир Путин ќе се откаже од своите „империјални амбиции” само ако признае дека не може да победи во војната, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на годишното заседание на Генералното собрание на Обединетите нации.

„Затоа нема да прифатиме никаков мир диктиран од Русија и затоа Украина мора да биде во сотојба да се одбрани од руски напад“, порача Шолц.

Враќањето на империјализмот со војната на Путин против Украина, рече Шолц, не е само катастрофа за Европа, туку и за глобалниот мировен поредок заснован на правила. Тој ги повика ОН да ги бранат останатите од оние кои претпочитаат свет каде што „силните владеат со слабите“.

„Дали беспомошно гледаме како некои се обидуваат да нè катапултираат назад во светски поредок каде војната е вообичаено политичко средство, каде што независни нации мора да се придружат на своите посилни соседи или колонијални господари, и каде што просперитетот и човековите права се привилегии на неколку среќници?“, праша Шолц.

Неговиот одговор „како Германец и Европеец“ е дека сите мора да обезбедат мултиполарниот и мултилатералниот свет на 21 век да остане таков.

За да се постигне што поуспешно оваа цел, „глобалниот југ“ треба да има поголема улога во светските односи и работи, оцени германскиот канцелар, кој најави и дека Берлин ќе биде домаќин на конференцијата за обнова на Украина на 25 октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…

Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…

Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…

Израел е на пат кон остварување на…

Ова се најбогатите држави во светот, а…

БДП по глава на жител е груба…

Жена од Липково ја удрило струја додека…

Жена од Липково ја удрило струја додека…

Родителите од Кочани официјално побараа средба со…

Семејствата и родителите на починатите во пожарот…