Шолц тврди дека Германија е добро подготвена за енергетската криза
Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера изјави дека земјата е добро подготвена за енергетската криза што се очекува оваа зима и оти Германците немаат причина за загриженост.
– Ќе го пребродиме тоа. Живееме во сериозни времиња, рече Шолц во видео-порака.
Тој додаде дека кризата не ја чувствуваат само граѓаните во Украина, туку и оние во Европа и многумина во светот.
Сепак, Германија е добро подготвена за фактот дека Русија во голема мера ќе го запре протокот на гас поради војната, рече Шолц, посочувајќи на складиштата за гас, напорите за увоз на течен гас и можноста за користење фосилна енергија, а во случај на потреба и нуклеарна енергија.
Покрај тоа, федералната влада планира пакет помош за граѓаните, рече Шолц, додавајќи дека никој нема да биде препуштен сам на себе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Германската полиција застрела 30-годишна Бугарка – Напаѓала…
30-годишна Бугарка беше застрелана од полицијата откако…
Во пакет на DHL пронајден бел прав…
Најмалку 12 лица се повредени откако во…
На Германија ќе ѝ бидат потребни до…
На Германија ќе ѝ бидат потребни до…
Судот одлучи дека Германија не смее да…
И покрај пресудата во корист на мигрантите…