Шојгу на првата линија на форнтот: Ги посети руските војници во Украина

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го посети главниот штаб на руската армиска група „Центар“, која е вклучена во украинскиот конфликт, објавија денеска руските новински агенции, повикувајќи се на Министерството за одбрана. Командантот на групата „Центар“ го информирал министерот за борбената состојба, а Шојгу им се заблагодарил на офицерите и војниците за „успешните операции“ во близина на Лиман, пренесува Интерфакс.
На министерот за одбрана му било врачено шведско пешадиско борбено возило ЦВ-90, оставено од украинските војници што се повлекле откако биле погодени со рачна противтенковска граната, и бил информиран за неговите „недостатоци“. Извештајот е во согласност со руските напори за намалување на ефикасноста на оружјето и опремата што и се доставуваат на Украина од членките на НАТО и другите западни земји, наведува Ројтерс.
Патувањето на министерот дојде неколку дена по посетата на линијата на фронтот на генерал Валери Герасимов, началник на Генералштабот и врховен командант на руските сили во Украина. И двајцата беа силно критикувани од Евгениј Пригожин, водач на платеничката група Вагнер, кој ги обвини за неспособност и слабост пред да започнат краток бунт против воениот естаблишмент во јуни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството…
Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека го…
Стив Виткоф: Зеленски прифати да се одржат…
Специјалниот пратеник на САД за руско-украинскиот конфликт,…
При напад на руски дрон врз Киев,…
Во напад со беспилотно летало на руските…
Путин бара од Украинците да земат руско…
Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши…