Шојгу: Протестите во Србија и Словачка се организирани од странство
Секретарот на рускиот совет за безбедност Сергеј Шојгу денеска изјави дека во Србија и Словачка продолжуваат обидите за организирање протести од странство.
Како што објасни тој, Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) спроведе широк спектар на активности – од ЛГБТ пропаганда до организирање обоени револуции, а мешањето на Вашингтон може да се види и во настаните во Словачка и Србија.
„Погледнете што се случува денес во Словачка и Србија. Сè продолжува, ништо не запира. Се организираат разни протести и движења, можеме да го наречеме обоена револуција или не – што сакате. Но, зад сето ова, оваа активност (САД) е видлива“, нагласи Шојгу по средбата со казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев, пренесува Раша Тудеј.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…