Шојгу: Русија формира 12 нови единици и одреди
Опсервер: Шојгу: Заканите од НАТО растат, Русија формира 12 нови единици и одреди | opserver.mkСе зголемуваат тензиите во зоната на одговорност во Западниот воен округ на Русија, а државата презема интензивни мерки за да се спротивстави на тоа, изјави рускиот министер за одбрана на Русија Сергеј Шојгу во врска со барањето на Шведска и Финска да бидат примени во НАТО.
На колегиумот на Министерството за одбрана на Русија, Шојгу предупреди дека САД и НАТО го зголемуваат обемот на оперативни и борбени подготовки во близина на руските граници и посочи дека повеќе од 40.000 војници учествуваат во серијата воени вежби „Заштитник на Европа“.
– Со цел да се одговори на заканите на руските западни граници, до крајот на оваа година во Западниот воен округ ќе бидат формирани 12 нови воени единици и одреди, рече Шојгу. Зборувајќи за ситуацијата во Украина, Шојгу истакна дека повеќе од 1.900 „украински националисти“, блокирани во фабриката „Азовстал“ во Мариупол, им се предале на руските сили.
– Продолжува блокадата на фабриката Азовстал, рече Шојгу и истакна дека цивилите, за кои тврди дека како заложници биле држени од украинските борци, се евакуирани од фабриката за челик. Станува збор за 177 лица, меѓу кои 85 жени и 47 деца. Сите добиле соодветна медицинска и психолошка помош, истакна рускиот министер и додаде дека досега 1.908 луѓе од Азовстал го положиле оружјето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Власта бесрамно се фали со донациите на…
Левица ја оценува како крајно дрска и…
Владата најави ново задолжување од 700 милиони…
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…
Акиов и се извини на службеничката за…
По насилниот инцидент на денешната седница на…
Трагeдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…
45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…