Шојгу соопшти шокантна бројка различна од таа на Зеленски: 444.000 војници загинале во војната?

За време на специјалната воена операција на руската армија, вооружените сили на Украина загубија 444.000 војници, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
Според него, од почетокот на годината Украинците секојдневно губат во просек над 800 војници и 120 единици опрема.
Тој на колегиумот на Министерството за одбрана рече дека од почетокот на годинава од нацистите се ослободени 327 квадратни километри територија.
Командата на украинската армија се обидува да ја стабилизира ситуацијата со помош на резервните сили и да спречи колапс на фронтот, додаде тој.
Претходно украинскиот претседател Володимир Зеленски за првпат јавно го сподели бројот на загинати украински војници за време на двегодишната војна, но според него загинати се 31.000 војници, што е драстично помалку од бројката која ја сподели Шојгу.
Шојгу, исто така, рече дека руските сили го ставиле под своја контрола важниот центар Авдеевка, а руските единици продолжуваат да ги подобруваат своите позиции во правците Доњецк и Купјан.
Министерството за одбрана ќе го зајакне борбениот потенцијал на Источниот воен округ поради растот на воената активност на САД и нивните сојузници, соопштуваат од руското МО.
Во текот на 2024 година планирана е испорака на повеќе од 200 единици опрема, вклучително и повеќецевни ракетен фрлач „Торнадо-С“ и противракетен систем „Тор-М2“.
Најголеми напори ќе се вложат во подготовка на резервни баталјони и обука на оператори со беспилотни летала.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството…
Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека го…
Стив Виткоф: Зеленски прифати да се одржат…
Специјалниот пратеник на САД за руско-украинскиот конфликт,…
При напад на руски дрон врз Киев,…
Во напад со беспилотно летало на руските…