Шпанија е најпосакуваната дестинација во светот за купување недвижности
Глобалниот прирачник за продажба на недвижнини за 2025 година, „Барнс“ го прогласува шпанскиот главен град за најпосакувана дестинација за инвестиции во луксузни недвижности, пред Дубаи, Мајами и Монако. Шпанија повторно е во центарот на глобалното внимание, но овој пат не за мода, гастрономија или ноќен живот.
„Барнс“ јасно става до знаење: срцето на пазарот на луксузни недвижности денес чука во Мадрид. Дискретна, елегантна и самоуверена, шпанската престолнина го зазеде првото место, оставајќи зад себе адреси како Дубаи, Мајами или Монако.
Во извештајот за оваа година, Мадрид скокна за дури три позиции и го изненади пазарот со совршена рамнотежа помеѓу деловните можности и квалитетот на животот. Токму оваа комбинација – силна меѓународна бизнис-сцена, високо ниво на безбедност, пријатна клима и исклучително развиена инфраструктура – го позиционираше градот како нова дестинација „безбедно засолниште“ за глобалната елита. Додадете ја на тоа богатата културна понуда, врвната гастрономија и космополитскиот дух и добивате град кој освојува не гласно, туку на долг рок, пишува Luxlife.
Кога станува збор за адреси кои диктираат престиж, фокусот е јасно дефиниран. Саламанка, Хустиција, Шамери, Чамартин и Кортес се сметаат за најпосакувани населби, каде што цените достигнуваат до 13.000 евра по квадратен метар. Особено се издвојува Кортес, кој за само една година забележа импресивно зголемување на вредноста од 30 проценти – бројка што многу зборува за побарувачката и инвестицискиот потенцијал.
Зад Мадрид, но овој пат во сенка, беа Дубаи и Мајами, по што следуваат Монако, Милано и Париз. Првите десет ги затвораат Њујорк, Лондон, Рим и американскиот Остин, кој сè повеќе се појавува на мапата на луксузни инвестиции. Интересно е што ниту еден град од регионот не се најде на листата, што дополнително ја нагласува доминацијата на западноевропските метрополи.
Годината 2025 јасно покажува дека Европа не само што е во чекор со „помладите“ пазари, туку по софистицираност, стабилност и долгорочна вредност – суверено ги надминува. А Мадрид? Тој не ја сака титулата најгласен град на луксузот. Доволно му е да биде – најпосакуваниот- пишува Каматица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шпанија е најпосакуваната дестинација во светот за…
Глобалниот прирачник за продажба на недвижнини за…
Шпанија и пет земји од Латинска Америка…
Шпанија и пет латиноамерикански земји ја осудија…
Шпански министер: Европејците мора да останат обединети
Шпанскиот министер за економија вели дека Европејците…
Шпанија: Трета страна нема да одлучува кој…
Само Украина има право да разговара за…
Кралицата Софија стана првата шпанска кралица што…
Кралицата Софија од Шпанија влезе во историјата…