Шпанија цврсто стои зад Македонија на нашиот европски пат
На маргините на Самитот на Европската политичка заедница, претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски оствари билатерална средба со домаќинот на Самитот, шпанскиот премиер Педро Санчез. Соговорниците разменија мислења и информации за актуелните состојби во Европа, и во регионот на Западен Балкан.
Премиерот Ковачевски го запозна шпанскиот премиер Санчез со најновите внатрешно-политички состојби во државата и се заблагодари за севкупната поддршка од Шпанија која низ годините се покажа како важен партнер на билатерален план и поддржувач во аспирациите на Македонија за членство во ЕУ. Претседателот на Владата, Ковачевски ја истакна важноста на улогата на Шпанија во ратификацијата на пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО.
Премиерот Санчез истакна дека поддршката на Шпанија кон Македонија ќе продолжи да биде силна сè до остварувањето на крајната цел, членството на Македонија во ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…