Објавено на:

Шпанија ќе ги укине „златните визи“ за странските инвеститори

t

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез денеска најави суспендирање на програмата за така наречените златни визи, кои се издаваат на граѓани на земји надвор од Европска Унија, кои инвестирале значителни средства во недвижен имот во земјава.

Програмата предвидува дека странците кои ќе инвестираат најмалку 500.000 евра на пазарот на недвижности во Шпанија ќе добијат право на престој и работа во земјата три години. Овие инвестиции не смеат да се реализирани преку хипотекарни кредити.

-Денес, 94 од сто такви визи се поврзани со инвестиции во недвижнини … во големите градови. Речиси е невозможно локалните жители кои работат во овие градови и ги плаќаат своите даноци во нив да најдат пристојно домување, истакна Санчез.

Соседна Португалија неодамна престана да издава визи на инвеститорите во недвижности за да се справи со станбената криза во земјата. Сепак, странците кои сакаат да добијат престој во Португалија можат да инвестираат во инвестициски фондови.

Европска комисија долго време ги повикува земјите од ЕУ да ги прекинат таквите визни програми бидејќи тие претставуваат безбедносен ризик. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…