Објавено на:

Шпанија ќе прогласи вонредна состојба поради пожарите

t

Шпанскиот премиер Педро Санчез најави дека следниот вторник Владата ќе прогласи вонредна состојба во областите погодени од шумските пожари во регионот Екстремадура, особено околу Ла Грања во покраината Касерес.

Тој истакна дека откако ќе се изгасат пожарите и ќе биде направена проценката на економската штета, државата ќе обезбеди средства за реконструкција на уништените подрачја, објави шпанската новинска агенција ЕФЕ, пренесе Ла Монклоа.

Санчез ја нагласи улогата на армијата, цивилната заштита и шумските служби, како и активирањето на европскиот механизам за цивилна заштита за распоредување на ресурси од другите земји.

Претседателката на Екстремадура, Марија Гвардиола, повика на реформа на законите за животна средина и побара поголеми инвестиции во спречување на пожари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпанија ќе прогласи вонредна состојба поради пожарите

Шпанскиот премиер Педро Санчез најави дека следниот…

За подметнување пожари досега се приведени 39…

За подметнување пожари приведени досега 39 лица,…

Шумски пожари ја пустошат Шпанија, илјадници луѓе…

Шумски пожари беснеат низ северозападна Шпанија, а…

Пожарите во Шпанија однесоа уште една жртва

Маж на возраст од 37 години што…

18 пожари до 18.30 часот: Гори во…

До 18.30 часот денеска, на територијата на…