Шпаниjа ќе поднесе тужба против Изpаeл за гeнoцид над палестинскиoт наpод
Шпанија најави дека ќе се придружи на тужбата за геноцид која Јужна Африка ја поднесе против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
Во соопштението на шпанското министерството за надворешни работи се потврдува дека оваа одлука ја одразува цврстата посветеност на Шпанија на правдата и владеењето на меѓународното право, истовремено истакнувајќи длабоката солидарност и историското пријателство меѓу двете земји.
Палестинското министерство ги повика сите страни во Конвенцијата за геноцид да се придружат на правната постапка за овој случај, истакнувајќи дека „прекинувањето на геноцидот кој е во тек над палестинскиот народ и повикувањето на Израел на одговорност се обврски кои мораме заеднички да ги почитуваме поради човечноста и законите“.
Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес вчера соопшти дека Мадрид ќе се придружи на јужноафриканската тужба против Израел, а Шпанија е втора европска држава, по Ирска, која се придружува на постапката.
На оваа постапка претходно се придружија Чиле и Мексико.
Во декември минатата година Јужноафриканската Република поднесе тужба против Израел поради војната на таа земја во Газа, истакнувајќи дека Израел ги прекршил своите обврски од Конвенцијата за геноцид.
Минатиот месец судот му нареди на Израел да ги спречи геноцидните дејства над Палестинците и да направи повеќе да им помогне на цивилите. Како одговор на итното барање кое го поднесе Јужна Африка, Меѓународниот суд на правдата му нареди на Израел „веднаш да ја сопре својата офанзива и секоја друга акција во Рафа“.
Израел во последните недели се соочува со сè поголеми меѓународни критики, откако почна воена операција во јужниот дел од Газа, каде се избегани повеќето раселени Палестинци од централниот и северниот дел на Појасот Газа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Директна закана од Израел: „Брзо да го…
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…
Израел објави, 19 повредени во нападот на…
Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…
Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…
Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Нетанјаху се обрати: Граѓани на Израел, претстојат…
Израел ќе одговори со сила на секој…