Шпигл: Германија размислува за присилно одземање на дел од Северен тек 2
Германското министерство за економија размислува за експропријација на дел од гасоводот Северен тек 2 во мнозинска руска сопственост за потребите за транспорт на гас од терминалите на Балтичкото Море, јави денес весникот Шпигл.
Германското министерство ја разгледува можноста за експропријација на делот од гасоводниот систем кој се наоѓа на германска територија и нејзино одвојување од остатокот од гасоводот, пренесува весникот. Со присвоениот дел од гасоводот би се транспортирал гасот кој ќе пристигнува во ЛНГ терминалите на Балтичко Море, пишува германскиот неделник.
Официјална Москва соопшти дека не може да го коментира извештајот на Шпигл.
Сепак, ако Германија повлече конкретни потези, тоа пред сè би бил случај за адвокатите, им кажа на новинарите денес портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Северен тек 2 требаше да ги удвои испораките на руски гас во Германија, на 110 милијарди кубни метри. Руски Газпром, германски Винтершел и Унипер, австриски ОМВ, француски Енжи и британски Шел потпишаа договор за изградба кон средината на 2015 година. Газпром е сопственик на 51 отсто од гасоводот.
Новиот гасовод предизвика критики во Украина и Полска, кои стравуваа од губењето на транзициските надомести. Вашингтон порачуваше дека Русија може да го користи гасоводот како алатка за политичко влијание врз Европа.
Гасоводот беше завршен минатата година, но не почна со работа поради политички пречки. Германија го суспендираше издавањето дозвола, а годинава го сопре проектот поради руската инвазија на Украина.
Германија во меѓувреме ја национализираше германската подружница на Газпром која управува со важни складишта за гас, со објаснување дека сака да го осигури снабдувањето со гас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Германската полиција застрела 30-годишна Бугарка – Напаѓала…
30-годишна Бугарка беше застрелана од полицијата откако…
Во пакет на DHL пронајден бел прав…
Најмалку 12 лица се повредени откако во…
На Германија ќе ѝ бидат потребни до…
На Германија ќе ѝ бидат потребни до…
Судот одлучи дека Германија не смее да…
И покрај пресудата во корист на мигрантите…