Објавено на:

Шри Ланка планира да се приклучи на БРИКС?

t

Шри Ланка планира наскоро да се приклучи на БРИКС, објави амбасадорката на земјата во Москва, Јанита Лијанаге.
„Вчера се одржаа дискусии и навистина постои желба да се приклучиме на БРИКС + во блиска иднина. Ова ќе овозможи да се обезбеди транспорт и безбедност на храна и многу повеќе“, им рече Лијанаге на новинарите.
Според неа, на Меѓународната безбедносна конференција која во моментов се одржува во Санкт Петербург, за ова прашање разговараат две делегации од Шри Ланка, предводени од првиот заменик министер за одбрана и претседателот на Надзорната комисија за меѓународна безбедност во Парламентот.


На 1 јануари Русија стана претседавач на БРИКС за следната година. Нејзиното претседателство започна со прием на нови членови во организацијата – покрај Руската Федерација, Бразил, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, членовите на оваа организација сега ги вклучуваат Египет, Етиопија, Иран, ОАЕ и Саудиска Арабија. .
По пристапувањето на сите нови членки, населението на земјите од БРИКС се зголеми на 3,6 милијарди луѓе, што е речиси половина од вкупното светско население. Овие земји сочинуваат повеќе од 40 отсто од светското производство на нафта и околу една четвртина од светскиот извоз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: САД ќе воведат санкции за земјите…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно предупреди…

ТРАМП ЗА БРИКС: Нема шанси да го…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно им се…

BRICS Pay – БРИКС бара алтернатива на…

Русија и другите земји на БРИКС очекуваат…

Трамп: Сто проценти царинa за земјите од…

„Идејата дека земјите од БРИКС се обидуваат…

Победата на Трамп ги замрси сметките на…

Новиот американски претседател Доналд Трамп ќе биде…