Штедачи на векот: ЕСМ заштеди струја со намалено осветлување и греење на нула!
Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денеска информира дека ЕСМ заштеди на струја со дополнителни мерки на штедење.
-Намалено греење на нула, намалени осветлувања и другата потрошувачка. ЕСМ има и свои подружници, така да максимално се придржуваме кон мерките на штедење кои ги препорача Владата. Сепак ние имаме и дополнителни мерки како компанија како да заштедиме енергија. Сметам дека така ќе продолжиме и во наредниот период. ЕСМ треба да биде пример како се штеди енергијата, затоа што ние ја произведуваме. Иако за нас е евтина и можеме да ја користиме кога сакаме, самото штедење ќе значи дека таа енергија ќе ја пласираме во системот на испорака на енергија, рече Ковачевски како одговор на новинарско прашање.
Владата вчера соопшти дека најголема заштеда на струја минатиот месец, по донесувањето на одлуката за рационално трошење струја, направила административната зграда на АД ЕСМ со вкупно 75 отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во голем дел од тетовско утре ќе…
Утре, 3 јуни 2025 година (вторник), повеќе…
ЕСМ ќе се задолжи 30 милиони евра…
Државната енергетска компанија „Електрани на Северна Македонија“…
Мециновиќ до Лабудовиќ: Дали ќе ги разрешите…
Како причина за крахот на 18 мај…
ЕСМ изнајмува механизација за РЕК Битола за…
АД ЕСМ изнајмува машини за потребите на…
Неофицијално: Ова се дел од имињата опфатени…
Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ и…