Штедните книшки безвредни – Каматните стапки на депозити во просек 0,71% и се намалуваат
Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во јануари 2022 година. Таа се сведе на ниво од 4,35 проценти. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,71 процент, информира денеска Народната банка во соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците.
Според НБ, во јануари годинава просечната каматна стапка на вкупните кредити забележа месечен пад од 0,02 п.п. и изнесува 4,35 проценти. На годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните кредити е намалена за 0,27 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,71 проценти и бележи месечен и годишен пад од 0,03 п.п. и 0,22 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во јануари, изнесува 3,84 проценти и остварила месечен раст од 0,23 п.п., додека на годишна основа е пониска за 0,14 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити, пак, бележи месечно и годишно намалување од 0,17 п.п. и 0,09 п.п., соодветно и изнесува 0,53 проценти.
Во јануари, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата оствари месечно намалување од 0,02 п.п. и изнесува 5,16 проценти. Притоа, според НБ, падот е резултат на намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,02 п.п., соодветно) и пад на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,01 п.п.). Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена
за 0,29 п.п. на годишно ниво.
Минатиот месец каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата се намалила за
0,02 п.п. на месечно ниво и изнесува 0,70 проценти. Падот е одраз на намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,03 п.п. и 0,01 п.п., соодветно), додека каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула се непроменети. Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата бележи годишно намалување од 0,19 п.п.
-Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата, во јануари, забележа месечно намалување од 0,32 п.п. и се сведе на 0,58 проценти. Надолната промена се должи на намалените каматни стапки на депозитите во странска валута (за 0,39 п.п.) и каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,17 п.п.). Овој месец не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. На годишна основа, оваа каматната стапка се намали за 0,08 п.п, информира НБ.
Податоците на НБ покажуават дека во јануари, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор оствари месечен пад од 0,03 п.п. и изнесува 3,45 проценти. Притоа, појаснува НБ, падот е резултат на намалувањето на сите компоненти, и тоа: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,03 п.п., соодветно), при минимален пад и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,01 п.п.). Каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е пониска за 0,26 п.п. на годишна основа.
Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, овој месец, е зголемена за 0,26 п.п. на месечно ниво и изнесува 3,48 проценти. Нагорната промена произлегува од растот на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,34 п.п. и 0,04 п.п., соодветно), додека каматните стапки на кредитите во странска валута бележат намалување (за 0,19 п.п.). Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,12 п.п.
-Јануарската каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор изнесува 0,88%, по остварен месечен пад од 0,04 п.п., којшто се должи на пониските каматни стапки на денарските депозити без и со валутна клаузула (за 0,10 п.п. и 0,01 п.п., соодветно), во услови на минимален раст на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,01 п.п.). Во споредба со истиот месец минатата година, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор оствари пад од 0,34 п.п, велат од НБ.
Нивните податоци покажуваат и дека каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор изнесува 0,42 проценти и е зголемена за 0,13 п.п. на месечна основа. Анализирано според
структурата, зголемувањето се должи на растот на каматните стапки на депозитите во странска валута и на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,52 п.п. и 0,10 п.п., соодветно), додека каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула бележат пад (за 0,21 п.п.). Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка е повисока за 0,02 п.п.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Курсна листа на НБРМ: Еве колку чинат…
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…
Курсна листа: Еве колку чинат валутите денес
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…
Курсна листа на НБРМ: Еве колку чинат…
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…
Курсна листа: Колку чинат валутите денес?
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…
Ангеловска-Бежоска: И покрај шоковите, стабилноста на денарот…
На покана на Централната банка на Исланд…