Штекли е психички способен да го следи судењето, велат од судот но тој сега тврди дека не го разбира обвинението
И покрај тврдењата на обвинетиот Раде Трајковски Штекли дека има свој имагинарен учител, дека имал змии во главата, дека го следи албанска мафија и полиција, сепак судечкиот совет пресече дека Штекли е психички способен да го следи судењето.
Психијатарката Оливера Суботин Поповска го убедила судот дека Штекли има „шизоидни карактеристики на личноста“, но нема никакво психичко растројство и е способен да го следи судењето.
Според судијата, вештачењето на неговиот психијатар Ѓорге Ангелковски не е контрадикторно со другото вештачење бидејќи и тоа вештачење не дава дијагноза за трајна, душевна болест.
Иако судот рече дека нема да има супервештачење и дека Штекли може да го следи судењето, сега обвинетиот вели дека не го разбира обвинението.
Другите обвинети, пак, велат дека не се чувствуваат виновни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Штекли е психички способен да го следи…
И покрај тврдењата на обвинетиот Раде Трајковски Штекли дека…
Прегазено седумгодишно дете во Скопје
Вчера во 17:45 часот во СВР Скопје…
Медведев: Евентуалната испорака на американски „томахавк“ во…
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј…
Кривична за 19-годишник од тетовско – ги…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 19-годишник…
Слободен печат: Лекарската комора не може да…
Лекарската комора не може да му ја…