Штетите милионски, последиците врз здравјето, природата и иднината непроценливи
Штетата од изгорена шума во 73 пожари, од јануари до јуни годинава, според Национални шуми, изнесува над 38 милиони денари, но конечните проценки за настанатите вкупни штети од годинашните пожари ќе бидат комплетирани откога ќе се изврши контрола на терен заедно со Државниот инспекторат за шумарство и ловство. Додека, штетата што ја претрпе планината Серта со годинашните пожари кои беснееја десетина дена, од Национални шуми велат дека е епохална и дека ќе треба еден век да се надомести она што е изгорено и оти тоа ќе има несогледливи последици во однос на климата во Штип и околните населени места. Појаснуваат дека за едно дрво да биде технички корисно, минимум се потребни од 30 до 40 години. пренесува Вечер Прес.
Македонија претрпе непроценливи штети од пожарите кои ја опустошија. Пред сѐ, тие ќе остават последици врз здравјето на луѓето, врз природата и иднината. Штетата што ја претрпе планината Серта со годинашните пожари кои беснееја десеттина дена, од Национални шуми велат дека е епохална и дека ќе треба еден век да се поврати ова што е изгорено и оти тоа ќе има несогледливи последици во однос на климата во Штип и околните населени места. Затоа, според нив како јавно претпријатие, во наредниот период ќе мора да работат на пошумување на Серта, но и на другите планини во земјава, каде има пожари.
Инаку, штетата од опожарена шума во 73 пожари, од јануари до јуни годинава, според Национални шуми, изнесува над 38 милиони денари, но конечните проценки за настанатите вкупни штети од годинашните пожари ќе бидат комплетирани откога ќе се изврши контрола на терен заедно со Државниот инспекторат за шумарство и ловство. Сето ова ја наметнува потребата за итно, подобро и навремено организирање и координирање на надлежните институции и населението за заштита од пожари. Потребно е да се спасат шумите и да се заштити животната средина, со што, воедно ќе се намали и глобалното затоплување, кое го доведува во прашање и нашиот опстанок на планетата, велат познавачи на состојбите во шумарскиот сектор.
Од Национални шуми потенцираат дека за да нема пожари во иднина и да не страдаат шумите неопходни се реформи, зголемување на противпожарната свест, зајакнување на превентивните и подготвителните мерки за заштита. Во спротивно, би изгубиле огромно природно богатство, бидејќи штетите од пожарите се ненадоместливи.
Според податоците од „Национални шуми“ за гаснење на 170 шумски пожари лани, на 5,772.48 хектари опожарена површина, биле потрошени близу три милиони денари. Оттаму, додаваат дека овие штети се многу поголеми, ако се има предвид бесценетото значење што шумите воопшто го имаат во природата.
За пошумување на делови зафатени од пожар, потребни се од три до пет години. Треба прво да се исчисти површината од пожарот, потоа да се размислува за пошумување. Од Национални шуми појаснуваат дека за едно дрво да биде технички корисно, минимум се потребни од 30 до 40 години.
– Биолошки тоа егзистира, но од економски аспект како шума, како вредност и како квалитет што може да се искористи техничко или како огревно дрво, високостеблените шуми имаат тонус до 100 години, а нискостеблените до 50 години.
Од Национални шуми велат дека континуирано се врши санирање на опожарените површини и се преземаат мерки за нивно пошумување на места каде што нема природна обнова. Минатите две години било извршено санирање на опожарени површини и тоа, во 2022 година 102 хектара, а во 2023 година, 120,6 хектара пошумена опожарена површина.
Секако дека и овој пат човечкиот фактор во 99 проценти е причина за пожарите, велат од подружниците на „Национални шуми“.
Извор: Вечер Прес
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Штетите милионски, последиците врз здравјето, природата и…
Штетата од изгорена шума во 73 пожари,…
ИДФ уби командант на Хезболах одговорен за…
Командантот на Хезболах, Хасан Фареш Јеши, кој…
ДУИ: Ние сме потврдена политичка партија која…
Во седиштето на ДУИ во Мала Речица…
Браво! Гимназијалецот и олимпиец со сребрен медал…
Прилепскиот гимназијалец Петар Мирчески на земјава ѝ…
Бектеши – тврди дека Кина ќе има…
Екс министерот за економија Крешник Бектеши на…