Штипјанец возел со 252 километри на час на автопатот „Пријателство“
36-годишен жител на Штип приведен откако на автопатот „Пријателство“ кај селото Милетково возел со неверојатни 252 километри на час.
Според МВР, возачот управувал возило од марката „БМВ“ со скопски регистарски таблички, на делница каде што максимално дозволената брзина е 120 километри на час.
За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а против возачот ќе биде поднесена кривична пријава „безобѕирно управување со моторно возило“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Штипјанец возел со 252 километри на час…
36-годишен жител на Штип приведен откако на…
Русија тврди дека зазела уште две села…
Русија во понеделник соопшти дека зазела уште…
Првата дама на Турција до Меланија Трамп:…
Сопругата на претседателот на Турција Емина Ердоган…
Вучиќ откако студентите го одбија неговиот повик…
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави по вчерашното…
Полицијата со нов „изум“ за ловење на…
Министерството за внатрешни работи наскоро ќе ја…