Штип доби Дино Парк изграден за 500 илјади евра

t

Општина Штип изгради Дино парк на површина од речиси 10.000 квадратни метри во излетничката месност Кртеќе, каде е и паркот Бриони и Зоолошката градина. Поставени се педесетина експонати, од кои дваесетина се виртуeлни диносауруси кои реагираат на сензори и движат и при тоа испуштаат крикови.

Целиот парк, заедно со сите придружни објекти, патеки и комплетното уредување и осветлување, беше предвидено да чини 50 милиони денари (над 800 илјади евра), но Општина Штип, направила корекција на проектот во делот на хортикултурното уредување кое комплетно ќе биде завршено со сопствени сили на јавните комунални претпријатија, со цел вкупната инвестиција да се намали и да се сведе на 500.000 евра. Диносуарусите и останатите придружни објекти се набавени и изградени од економскиот оператор кој го добил тендерот за овој проект.

Во Дино паркот има пешачки патеки, лулашки и игралишта за баскет, а во негова близина е новоизградениот зимски базен и Зоолошката градина која се отвори пред десетина години. Според општинскиот план, кон месноста Суитлак во план е да се изгради адреналинска патека.

Ваков Дино парк е изграден во 2021 во Скопје, во Зоолошката градина.

Извор: СДК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Штип доби Дино Парк изграден за 500…

Општина Штип изгради Дино парк на површина…

Трајковски: Партиската победа на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН…

Тоа не се само пренатрупани контејнери, тоа…

Поранешниот министер Диме Спасов е еден од…

Диме Спасов, пoранешниот функциoнер во владата на…

Ројтерс: Пропадна состанокот Трамп – Путин во…

Според сите извештаи, најавениот состанок Трамп-Путин, кој…

Вајц изрази надеж дека по локалните избори,…

Европратеникот и известувач за земјава во ЕП…