Што вели традицијата- лепче со паричка за Бадник или Василица?
Традиционално, во Македонија семејството се собира на вечера на Бадник. Се подготвува богата трпеза исклучително со посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и друго, што треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година.
Во секоја куќа се меси кравајче, пита или погача во која се става пара. Сите присутни во својот дел од кравајчето ја бараат парата и тој што ќе ја најде се смета за најсреќниот во годината што претстои.
Во некои краишта од земјава, пак, адетот со кршењето на лепчето со паричка се прави на Василица.
Некои од црковните лица се согласуваат дека за Бадник треба да си дома. Но, велат, лепчето со паричето оставете го за Василица. Обичајот на Бадник да седнеме на маса и да кршиме лепче со паричка не е црковен, туку фолклорен обичај.
Сепак на луѓето им останува да си го направат својот избор, дали лепче со паричка ќе има на Бадник или пак на Василица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медведев: По нападите на САД врз Иран,…
„Повеќе земји се подготвени директно да го…
„Квалитетно“ работеле: Ниту еден извршител не останал…
Вкупно 137 претставки од странки против конкретни…
Светот очекува дали и како Иран ќе…
Светот го очекува одговорот на Иран откако…
Бритиш Ервејс ги откажа летовите до Дубаи…
Британскиот авио-гигант „Бритиш Ервејс“ ги суспендира летовите…
Момче од Штип било принудувано да зема…
На 21.06.2025 во 18.10 часот во Штип,…