Што се крие зад соработката на Палевски и владиката Петар?

t

Се погласно се зборува за чудната врска и поврзаност помеѓу главниот осомничен за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо и лица од цркновните кругови, кои го поддржуваа, му даваа информации и логистика.

Партијата на Палчо, Десна, заедно со Владиката Петар собираа потписи за т.н. декларација за МПЦ-ОА, која што воопшто не соодветсвува со православното црковно учење, туку беше исполнета со национализам и етнофилетизам кој се смета за ерес во црквата. На тоа реагираше и заедницата на Власите во Македонија, а самиот Палчо се фалеше дека дека собрал над 50.000 потпишани декларации и му ги предал на Петар. А за тоа на ФБ сподели и потврден документ од Петар упатен на негово име, за примопредавањето на декларациите.

Поддршка за собирањето на потписите и ваквата декларација јавно даваа и и митрополитот Кумановско-осоговски Григориј и митрополитот Агатангел.

За блиските врски меѓу Палчо и владиката Петар сведочат сликите споделувани на социјалните мрежи, а во еден од неговите поткасти, Палчо истакна дека со благослов од Петар бил испратен и во Москва.

Дополнително прашање кое се наметнува е кој ја контролирал заштитата на личните податоци на луѓето кои се потпишале на оваа т.н. декларација и со кого се биле споделени таквите информации од граѓаните. Доколку се земе како точна бројката која ја соопшти Палчо, 50 илјади потпишани декларации, тоа е една цела база на податоци, која може да биде злоупотребена за политички или криминални цели.

За врските помеѓу Палчо и луѓе во црковните кругови реагираа и монасите од Бигорскиот манастир, кој кажаа дека тие и нивниот игумен често биле мета на навреди и закани од страна на Палчо и луѓето околу него.

„Што со оние соработници на тој демонизиран убиец – меѓу кои, за голема жал, има и извесни личности од црковните кругови, кои го поддржуваа во неговата злоба, му доставуваа клеветнички информации, го поттикнува на разни начини да го врши делото сатанско – злословието и омразата? Ќе има ли одговорност и за нив или, едноставно, ќе дозволиме и понатаму да се шири канцерот на злобата во нашето општество?“ реагираа од Бигорскиот манастир.

Извор: Либертас

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре е Петровден, задутре Павловден, се верува…

Утре, 12-ти јули е Петровден, а на…

Палевски на распит во обвинителството

Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…

Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…

Апел за помош: Да му помогнеме на…

Почитувани пријатели,ова е мојот син Петар има…

(Фото+Видео) Се бараше во јама до 70…

Се уште се бара исчезнатиот Петар Џобоски,…