Што се подготвува? Русија ја удвои флотата во Црното Море
Украинската војска соопшти дека Русија го удвоила бројот на активни бродови во Црното Море, предвидувајќи дека тоа е подготовка за ракетни напади, пренесува Ројтерс.
Руската морнарица редовно лансираше ракети од Црноморската флота, насочени кон украинската инфраструктура и постројки за производство на електрична енергија.
Флотата на воени бродови во Црното Море е двојно зголемена, сега има осум бродови, објави на Фејсбук воената команда на јужниот регион.
„Ова може да укаже дека се подготвуваат ракетен напад, како и напади со беспилотни летала“, се вели во објавата.
Минатата сабота Украина објави дека Русија лансирала четири ракети Калибр од Црното Море.
Руската Црноморска флота е стационирана на полуостровот Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година, пренесе Блиц.рс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…
Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…