Што се случува со државава? Разбојништво на секој чекор – Малолетник извршил тешка кражба, пет лица тепале тинејџер во обложувалница

t

На 10.04.2022, полициски службеници од Полициската станица Чаир лишиле од слобода малолетник од Скопје и расчистиле разбојништво и тешка кражба.

Во присуство на родител и адвокат сo него бил извршен разговор и тој признал дека на 29.03.2022 во автобус на ЈСП со закана со остар предмет од друг малолетник одзел мобилен телефон и ранец. Телефонот бил пронајден и вратен на сопственикот.

Исто така, тој признал дека на 25.03.2022 извршил кражба во стан на Ѓ.Н. и одзел пари, мобилен телефон и други предмети. Телефонот бил пронајден и вратен на сопственикот.

По целосно документирање на случаите против малолетникот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 10.04.2022 во 15:20 часот во Полициската станица Аеродром, М.Д.(19) од Скопје пријавил дека во 15:15 часот на неговото работно место во спортска обложувалница на подрачје на Аеродром бил физички нападнат од пет лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Остана ли некој нормален? Повторно пријавена украдена…

Скопјанецот Г.Ј. (63) денеска пријавил во полиција…

Жена ограбила книжарница во Штип

На 30.05.2025 година во 17.50 часот во…

Уште една бронзена биста украдена од гробиштата…

Жител на Волково вчера пријавил дека од…

Болест: Украдена биста на почината жена од…

Скопјанец пријавил дека била одземена биста со…

Украдени бисти на Крсте Петков Мисирков и…

Вчера во 09.30 часот во СВР Скопје,…