Што се случува? Две малолетнички од струшко не се вратиле од вчера дома, полицијата ги бара

t

Две малолетнички од струшките села Мороишта и Ложани се пријавени дека се оддалечиле од дома, соопшти денеска СВР Охрид. Случајот во полиција го пријавила синоќа мајката на една од малолетничките, чија ќерка и претходно го напуштала домот. Но и на другото девојче не му е првпат да се бара како исчезнато.

„Во ОВР Струга, синоќа во 23 часот, Љ.П.(43) од село Мороишта, струшко, пријавила дека од семејниот дом се оддалечиле нејзината ќерка Т.П.(14) и нејзината другарка А.С(15) од селото Ложани, струшко. Малолетничките и претходно биле пријавувани дека се оддалечувале од домот и се враќале, информира портпаролот на СВР Охрид“, Стефан Димоски.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојчињата, кои и пред неполн месец биле пријавени за исчезнати, но по неколку дена сами се вратиле дома. Една од малолетничките при претходното заминување украла 2.000 евра од семејниот дом.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Куманово исчезнале тинејџерка и 44-годишен маж

Во изминатите 24 часа во кумановската полиција…

Малолетнички натепале познаничка, ја снимале, па тоа…

МВР информира дека вчера во 17 часот…

Две малолетнички се степале на свадба во…

На 16.11.2024 во 08.50 часот во СВР…

15-годишно девојче и нејзиното бебе исчезнаа во…

15 годишно девојче и нејзиното бебе се…

Се трага по две 14-годишни девојчиња од…

Полицијата е во потрага по две девојчиња…