Што се случува со децата? Приведени четворица малолетници поради кражба
По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Штип и Отсекот за општ криминал при СВР Штип приведоа двајца малолетници на возраст од 17 години и еден на возраст од 15 години од Скопје и Штип.
Тие се сомничат дека сториле четири кривични дела „кражба“, од кои три извршени на 08, 09 и 10.04.2023 од продажни објекти во трговски центар во Штип, од каде биле одземени пари, облека и спортска опрема, додека четвртото кривично дело „кражба“ го извршиле на 29.12.2022 од угостителски објект во Штип од каде одзеле пари.
Расчистени се и едно кривично дело „тешка кражба“ извршена на 10/11.03.2023 од продажен објект во Штип, за која осомничен и приведен во Полициска станица бил Т.З.(45) од Штип и едно кривично дело „кражба“ извршена на 06.04.2023 од двор од правно лице од општина Карбинци од каде биле одземени метални предмети, за која осомничен и приведен бил Р.Г.(43) од Штип.
Во службен разговор во полициска станица тие ги признале делата, а украдените предмети биле одземени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинение за убиство за 33-годишник од Штип
Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен акт…
Левица за новиот в.д директор на Центар…
Нов в.д директор на Центарот за Јавно…
Хаос во Штип: Масовна тепачка поради недоразбирање…
СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.Т.(21),…
(Видео) Затвореник избегал од штипскиот затвор
Затвореник избегал од затворот во Штип, потврди…
Штипската библиотека без директор, вработените во неизвесност…
Од поделбата на политичкиот колач помеѓу Дпмне…