Што се случува со тимот кој беше страв и трепет во фудбалот?
Кошмарот за Манчестер сити продолжи и во денешното гостување кај Астон вила во рамките од 17. коло. Избраниците на Пеп Гвардиола одиграа уште еден слаб натпревар и беа поразени со 2-1.
Победата на домашниот тим ја најави Дуран со голот по само 16 минути игра. Манчестер сити тешко доаѓаше до противничкиот гол и едвај создаваше прилики, додека домаќините трпеливо ја чекаа својата шанса.
Неколку пати сериозно се заканија двапати ја погодуваа и стативата, па така во 65. минута видовме и втор гол во мрежата на гостинскиот состав, стрелаше Роџерс. Голот за утеха за тимот на Пеп го постигна ФИл Фоден во самата завршница.
Астон вила со овој триумф ги прескокна „граѓаните“ на табелата и сега е петта со 28 бода, додека Манчестер сити со бод помалку е на шестата позиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…
Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…
Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…
Израел е на пат кон остварување на…
Ова се најбогатите држави во светот, а…
БДП по глава на жител е груба…