Што треба да направите ако се прејадете за време на празниците?

t

Прејадувањето е еден од стандардните настани што ги придружува сите видови празници во сите култури низ светот.

Ова таканаречено отпуштање на вентилот е лесно да се опише и објасни со нашата вродена љубов кон храната и задоволството од чувството на ситост.

Но, прејадувањето може да биде опасно за здравјето…Нашиот главен орган за варење е желудникот.

Него можете да го замислите како растеглив балон чија внатрешност е исполнета со киселина за варење.

Растегливоста на желудникот го овозможуваат мазните мускули од кои е составен.

Со внесување храна во желудникот, се активираат сензори кои му кажуваат на нашиот мозок кога желудникот е полн.

На мозокот му требаат околу 20 минути да го прифати фактот дека желудникот е полн и да ни испрати наредба да престанеме да јадеме.

Придружни процеси на внесувањето храна во желудникот се зголеменото лачење на хлороводородна киселина и грчење на желудникот кои ја мешаат храната и ја пренесуваат во дванаесетпалечното црево (дуоденум).

Поради оваа причина, прејадувањето може да доведе до следново:
– Желудникот ја крева дијафрагмата и се појавува непријатно чувство во градите.
– Киселината што се лачи, може да помине во хранопроводникот и да доведе до карактеристично чувство на печење во градниот кош што може да личи на некој проблем со срцето или да го прикрие.
– Грчењето на желудникот може да доведе до непријатно подригнување и лошо чувство во стомакот.
– Ако внесената храната што е обилна и премногу мрсна, т.е. тешка за варење, времето на нејзиното варење се продолжува и непријатното чувство на ситост придружено со гасови е подолго.
– Ако постои некое нарушување на ниво на желудникот, чир, гастритис, хернија, прејадувањето може да го влоши.

Кои проблеми се појавуваат кога се прејадуваме?
Кога се прејадуваме, пред сѐ, се појавуваат проблеми во вид на напнатост и надуеност во стомакот, киселини, печење во градите. Потоа, тука се и подригнување, грчеви во цревата и болки во стомакот.

Што треба да направите ако се прејадете?
Најпрво обидете се да не се прејадувате, јадете полека, по малку. Ако се прејадете, не се нервирајте поради тоа. Нервозата дополнително го иритира желудникот и проблемите со прејадувањето може да се влошат.

По завршениот обилен оброк, опуштете го ременот или облечете се во лесна облека за да го намалите притисокот врз стомакот. Ако веќе одите некаде каде што очекувате да се прејадете, носете полесна широка облека.

По прејадувањето, најдобро е да направите лесна прошетка за гравитацијата да ја повлече храната надолу, а движењата на телото да го олеснат движењето на стомачните мускули, што ќе го забрза варењето и ќе ја намали веројатноста наталожената храна со притисок да ја турка киселината кон хранопроводникот. Ако не можете да шетата, помогнете му на семејството околу средувањето на масата. Најдете начин да бидете активни, а не да легнете.

Не се изложувајте на голем физички напор во однос на трчање или играње. Скокањето со музика може да ја храната да ја придвижи нагоре и да ги влоши проблемите од прејадувањето.

Не пијте премногу вода по оброците, водата само дополнително ќе го прошири желудникот. Доволна е една чаша по оброк, продолжете да пиете вода во текот на денот за да останете хидрирани.

Ако е можно, испијте шолја чај од нане. Нането ќе го смири желудникот и ќе го олесни варењето.

Избегнувајте дремење по јадење, кога ќе легнете, храната врши дополнителен притисок на дијафрагмата.

Газираните пијалаци во големи количини не се најдобрата идеја поради количината на гас што се ослободува и кој може да доведе до дополнителна надуеност. Во помала количина од, да речеме, средна чаша, може да ја ублажи киселоста на желудникот.

Прејадувањето е навидум мал проблем, но сепак треба да се сфати сериозно.

Реално гледано, повремените екскурзии со храната тешко се избегнуваат, па затоа не треба да се грижите.

Проблемот настанува кога прејадувањето ќе стане навика.

Тогаш е опасно по здравјето бидејќи долгорочно може да доведе до дебелеење, скок на крвниот притисок, нарушувања на шеќерот и многу други болести и состојби опасни по живот.

Затоа, памето во глава и вратете ги вилушката и ножот на масата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЛУКАШЕНКО ИСПРАТИ РАКЕТИ НА ГРАНИЦАТА СО УКРАИНА:…

Белорусија распореди војници кои управуваат со системи…

ПОЧИНА НАЈСТАРИОТ ЧОВЕК ВО СВЕТОТ: Шпанката Марија…

Марија Брањас, Шпанка родена во Америка, која…

ПАДНА ЊУЈОРК ВО ДОЊЕЦК: Русите освоија клучнa…

Руските сили тврдат дека го освоиле селото…

Државјанин на Швајцарија по потекло од Косово…

Заменик-претседателот на Владата на Република Србија и…

Хамас бесен поради изјавата на Бајден: „Тоа…

Хамас тврди дека е лага изјавата на…