ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СО КРИВИЧНИТЕ ПОСТАПКИ ПРОТИВ ТРАМП? Најверојатно нема да продолжат додека му трае мандатот
Доналд Трамп го освои својот втор претседателски мандат во Соединетите Американски Држави, што во суштина ќе стави крај на кривичните постапки против него, барем за следните четирите години, колку што ќе биде во Белата куќа, објави Ројтерс.
Републиканецот Трамп оваа година се соочи со четири истовремени кривични постапки, под различни обвиненија – од обид за прикривање на тајна исплата на порно ѕвездата Сторми Даниелс за време на неговата кампања во 2016 година, до обид да ја поништи неговата изборна загуба во 2020 година.
Во мај, поротата во Њујорк го прогласи за виновен за фалсификување на деловни записи поврзани со премолчаната исплата на Сторми Даниелс, што го направи прв поранешен претседател на САД кој е осуден за кривично дело.
Трамп во интервју на 24 октомври рече дека ќе го отпушти специјалниот обвинител Џек Смит, кој го водеше федералното обвинини протов него за обидот да ја поништи својата изборна загуба и за задржување на доверливи документи откако ја напушти функцијата. Трамп тогаш рече дека ќе го отпушти Смит во рок од две секунди откако че стапне на фукцијата.
Трамп се изјасни дека не е виновен за ниту едно од обвиненијата и ги нарече политички мотивирани.
Трамп како претседател ќе има овластување да го отпушти Смит и да ги затвори федералните случаи против него. Но, тој нема да ја има истата контрола врз случајот во Њујорк со премолчаните пари или во случајот во кој Џорџија го гони поради обид да ја поништи неговата загуба во 2020 година во таа држава.
Сепак, според правниците, неговата единствена улога како претседател ја прави мала веројатноста дека тој ќе се соочи со правни последици за време на неговиот мандат.
Закажан е уште еден датум за судење пред тој да положи заклетва на 20 јануари, иако правните експерти велат дека најверојатно нема да се оди понатаму. Изрекувањето на пресудата за случајот во Њујорк е закажано за 26 ноември, а во тој предмет Трамп може да се соочи со затворска казна до четири години.
Изрекувањето на пресудата за новоизбраниот претседател во пресрет на Денот на инаугурацијата би било без преседан во историјата на САД, а правните експерти очекуваат сослушувањето да биде одложено.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СО КРИВИЧНИТЕ ПОСТАПКИ…
Доналд Трамп го освои својот втор претседателски…
СИЉАНОВСКА ДО ТРАМП: Уверена сум стратешкото партнерство…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска упати честитки…
Oрбан ги собира лидерите на Европската политичка…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан треба да биде…
Ќе ја деблокира ли Трамп нашата евроинтеграција?…
Убедливата победа на Доналд Трамп на претседателските…
Доларот и биткоинот нагло пораснаа по победата…
Американскиот долар значително зајакна откако стана јасно…