Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје
Соопштение на СДСМ
Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје.
Архитекти и експертска јавност ќе го предводат обновувањето и ревитализацијата на Скопје, најавува Каја Шукова кандидатката за градоначалник на главниот град од редовите на СДСМ.
Таа на социјалните мрежи напиша дека сегашната сликата за Скопје е урбан хаос, непланско и нестандардизирано градење без креативни и функционални решенија и сето тоа се должи на криминалното работење на локалната власт.
Градот, кој пост-земјотресот се обновуваше согласно тогаш најмодерните архитектонски решенија, логично и со визија за неговиот раст, која во својата есенција го имаше хуманото живеење, здрава животна средина, автентичен стил и култура поставени со урбанистичко решение на големиот Кензо Танге – основоположник на архитектонскиот структурализам, денес наликува на бетонска џунгла која се зголемува и шири без никаков план, стил и емпатија. Сето ова е резултат од криминалното работење на локалната власт раководена од ВМРО- ДПМНЕ и нивната, како што велеа најуспешна менаџерка – хаос, непланска и агресивна урбанизација, напиша Шукова на социјалните мрежи.
Наместо урбана метропола, Скопје е заложник на бизнис зделки, а истото го нуди и кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓеорѓиевски кој е продолжена рака на Данела Арсовска, пишува Шукова.
Таа смета дека молчењето на Ѓеоргиевски за урбанистичкиот хаос е само негово ново продолжување.
И наместо нивниот нов кандидат за градоначалник на Скопје Орце, да го осуди урбаното дивеење низ Скопје, тој молчи, а молчењето значи поддршка. И молчењето значи дека Орце ќе биде само новото продолжение на Данела Арсовска, режирано од истиот партиски центар на моќ и воден од истите тесно-партиски пориви. Плановите за урбан развој на Скопје, кој би ги понудил Орце никако нема да се разликуваат од реалноста која ја живееме изминатите 4 години, со оглед дека тој не ја осудува досегашната урбанистичка политика напротив, сосем природно плива во рамките на истата. А тоа Скопје веќе не може да го издржи! – напиша Шукова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја…
Соопштение на СДСМ Шукова: Архитектите и експертската…
Израелската војска го истражува нападот врз болницата…
Израелската војска денес објави дека наредила истрага…
Малолетно момче брутално нападнато во Тетово, насилниците…
14-годишно момче во саботата навечер било нападнато…
Украина сака да обезбеди една милијарда долари…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Кривична пријава за скопјанец кој прво навредувал…
Уште еден случај на грозоморно семејно насилство…