Шукова: Продолжен е рокот за изградба на хидроцентралата Чебрен

t

Продолжен е рокот на грчката компанија „Архиродон“ за изградба на хидроцентралата Чебрен, информираше министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова по завршувањето на состанокот со компанијата во просториите на Министерството. Најави дека до крајот на годинава ќе има конкретни информации дали ќе продолжи постапката за изградба на Чебрен или не.

-Жалбената постапка е запрена и повторно ги разгледувавме жалбените наоди и нивната оправданост.  Тоа не значи дека постапката за Чебрен престанува, односно значи дека продолжува, рече Шукова.

Нагласи дека избраната компанија со одлуката за избор од 14 септември годинава ќе биде информирана дека треба да пристапи кон исполнување на обврските од веќе донесената одлука.

-Од грчката компанија Архиродон се жалеа на содржината на одлуката, бидејќи согласно Законот за води, прво мора да добиете дозвола за води, а потоа да се потпише договор за концесија.  Тие сметаат дека треба прво да се потпише договор за концесија, а потоа постапката да продолжи понатаму, појасни Шукова.

Меѓутоа, како што кажа, во случајов Законот за води е „легс специјалис“ во однос на Законот за јавни набавки и Законот за концесии.

-Ние ќе се држиме на она што го регулираат нашите закони и ќе биде информирана компанијата. Нивната банкарска гаранција е до крајот на годината и ако ја продолжат ќе значи дека ќе продолжи процесот, ако не се продолжи банкарската гаранција, автоматски ќе се прекине процесот, истакна Шукова и додаде дека до крајот на годината ќе има информации во која насока ќе оди постапката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…