Шумскиот пожар во Крива Паланка се шири кон куќите, екипите се на терен

t

Шумскиот пожар што од вчера напладне зафати над 50 хектари борова шума во кривопаланечкото село Нерав, според информациите од Општина Крива Паланка се проширил и на делови од територијата на општина Ранковце, село Герман како и кон општина Трговиште, Република Србија.
>Командирот на територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, Иле Коцевски, информира дека екипите се терен и работат на гасењето без престан, но пожарот се шири и доближува кон куќите во селото Нерав.
Дојава за пожарот во ТППЕ Крива Паланка е примена вчера околу 14 часот, а во гасењето активно биле вклучени екипи на: ТППЕ Крива Паланка, ТППЕ Ранковце, Противпожарна единица Трговиште, Србија, екипи од јавното претпријатие „Македонски шуми“ – Подрачно шумско стопанство “Осогово”,Крива Паланка и локално население од селата Нерав и Трговиште.

-Теренот е непристапен, во текот на ноќта гасевме заедно со сите што беа вклучени, сега на терен сме од противпожарната единица од Крива Паланка и Македонски шуми, направив замена на еден тим од ТППЕ, колегите се беспоштедно ангажирани, вчера успеавме да спречиме пожарот да се доближи до куќите, но денес огнот повторно се шири и претставува закана за куќите, населението е вклучено, а градоначалникот е во постојана координација со општинскиот кризен штаб, информира Коцевски.
Од општината апелираат сите граѓани строго да ги почитуваат препораките и да се воздржат од движење во планински и шумски предели, со цел заштита на сопствената безбедност и олеснување на работата на службите на терен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шумскиот пожар во Крива Паланка се шири…

Шумскиот пожар што од вчера напладне зафати…

33 пожари на отворено – 12 активни,…

Македонија33 пожари на отворено – 12 активни,…

ПЛАНИНИ И ШУМИ ВО ПЛАМЕН, СЕЛАТА ПОД…

Пожари беснеат низ неколку региони во државата,…

ОВАА ЖЕНА ЖИВЕЕ НА НЕКОЈА СВОЈА ПЛАНЕТА“:…

Професорката Билјана Ванковска со реакција на средбите…

СИЛЕН ОГАН „ЈАДЕ“ ШУМИ, ПОД ЗАКАНА НЕКОЛКУ…

Пеколни горештини и запалена вегетација, во неколку…